More

    Хаос на германските аеродроми – огромни редици, илјадници откажани летови

    spot_img

    Огромни редици пред шалтерот за пријавување, илјадници откажани летови. Што се случува на германските аеродроми и во авиосообраќајот на почетокот на сезоната на летни одмори?

    Она што се случува на европските аеродроми во последните недели покажува што може да се случи кога летната сезона е во полн ек. Пред се, на патниците ќе им треба многу трпение.

    Гужвите на шалтерите на германските аеродроми, но и во другите европски земји се подолги. Главната причина е недостатокот на работна сила, без разлика дали е обезбедување, вработени на шалтерите за пријавување или персонал кој работи на испраќање багаж.

    Британски „Изидџет“ деновиве потврди дека поради недостиг на работници ќе откаже илјадници планирани летови во текот на летото.

    За време на пандемијата, многу компании отпуштија работници, а многу од нив во меѓувреме најдоа подобро платени работни места. Во моментов, околу една петтина од оперативниот персонал на теренот недостасува, вели Ралф Бајзел од Асоцијацијата на аеродроми (ADV) во Германија. Забрзано вработување не е можно, бидејќи персоналот од обезбедувањето мора да помине соодветна безбедносна проверка која трае неколку недели.

    „Таа проверка не може да трае осум недели, тогаш летото заврши“, забележува Бајзел.

    Недостаток на работници
    Проблем има и во воздухот – германската „Луфтханза“ откажа неколку стотици летови планирани за јули, бидејќи во авионите нема доволно вработени.

    „Одамна беше јасно дека намалувањето на бројот на работни места во многу области ќе има негативно влијание врз воздушниот сообраќај“, рече Стефан Херт, претседател на синдикатот на пилотите во Кокпит. Не е можно брзо да се најдат доволно пилоти, а тоа е проблем во целиот свет. Според тоа, во Соединетите држави на пилотите во регионалниот сообраќај им се нудат подобри услови од оние кои се сметаа за максимално добри пред пандемијата, тврди Хајнрих Гросбонгарт, експерт за воздушен сообраќај од Хамбург.

    Расте моќта на оние кои работат. Во Германија се заканува и можноста за штрајк на пилотите на Луфтханза, бидејќи раководството на компанијата префрла се повеќе летови на својата ќерка компанија „Јуровингс“, која има нешто поевтини цени на билетите.

    „Луфтханза“ мора да штеди – компанијата беше во големи проблеми за време на пандемијата, сега е во процес на реорганизација, а во исто време сака да обезбеди брза и сигурна услуга на клиентите.

    Тоа е тешко, мораше да признае првиот човек на „Луфтханза“ Карстен Спор, кој, како што вели, во неколку наврати морал да им се извинува на патниците за проблеми во организацијата на сообраќајот. А, како што и самиот очекува, тоа ќе мора да го направи и во текот на летниот период.

    Скап керозин
    Има и други проблеми. Цените на горивата значително се зголемија поради војната во Украина. Рускиот воздушен простор е затворен. Авионите кои летаат на Далечниот Исток мора да користат заобиколување, а подолгите летови само ги зголемуваат трошоците. Затоа Гросбонгарт очекува дека некои авиокомпании би можеле да се најдат во сериозна неволја. Експертот од Хамбург очекува и банкроти, на пример во оние помали, непрофитабилни компании кои опстојуваат само благодарение на државната помош.

    Среде сите овие турбуленции, денеска во Берлин започнува Меѓународната авијациска изложба (ИЛА). Обично се одржува на секои две години, но беше откажан поради пандемијата во 2020 година. Се очекува дека оваа година во фокусот би можел да биде секторот на воената авијација, поради војната во Украина. А друга голема тема ќе биде заштитата на животната средина.

    Огромни загуби
    Оваа еколошка компонента го стимулираше бизнисот на „Ербас“ и „Боинг“. Употребата на авиони со ниско гориво им помага на авиокомпаниите да ги постигнат своите цели за емисија на штетни гасови. До 2040 година Ербас очекува пазарот да бара 39.000 авиони, односно авиони од понова генерација кои би ги замениле старите модели кои „голтаат“ многу керозин. Боинг очекува годишен раст на патниците од 3,1 отсто до 2040 година. Сепак, експертите како Хајнрих Гросбонгард сметаат дека ова е премногу оптимистичко сценарио.

    По две тешки години на корона со големи загуби, авиоиндустријата конечно ја здогледа светлината на крајот од тунелот. Во 2023 година се очекува дека е можна конечна реализација на профитот, вели генералниот директор на Светската асоцијација за воздухопловна индустрија (IATA), Вили Волш.

    Сепак, оваа година се очекуваат загуби од околу 9,7 милијарди долари. Тоа звучи како многу, но во реалноста е многу, многу помалку отколку за време на пандемските години 2020 и 2021 година, во кои загубите изнесуваа 138 милијарди долари, односно 42 милијарди американски долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img