More

    Формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст

    spot_img

    Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.

    „Министерството за правда ќе ја преиспита постапката на раководителката и ќе преземе сѐ што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи сѐ за да ги заштити слободата на изразување и на говор кои се неприкосновени права во секое демократско општество“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

    Вчера реакција пристигна од Хелсиншкиот комитет, а денеска реагираше и партијата Демократски сојуз.

    „Демократскиот сојуз го осудува повикувањето на полициски разговор поради напишан текст на новинарката Соња Делевска и го повикува министерот за внатрешни работи да преземе мерки и да ги санкционира одговорните лица кои го одобриле и спровеле овој чин. Повикувањето новинари на полициски разговор поради напишан текст кој не претставува кривично дело кое се гони по службена должност, туку спаѓа во доменот на граѓанската одговорност за клевета и навреда, претставува грубо кршење на слободата на медиумите и обид за цензура. Ваквите постапки на заплашување на новинарите и грубо мешање во уредувачката политика на медиумите му припаѓаат на едно минато време кога со Македонија владееше режим и треба да останат во минатото. Демократскиот сојуз ги повикува носителите на државни и јавни функции да покажат висок степен на толеранција кон медиумите и новинарите кои критички ја опсервираат нивната работа и да не преземаат чекори за наводна заштита на нивниот углед и интегритет кои ја задушуваат слободата на медиумите“, наведено е во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img