More

    Путин изрази длабоко сочувство поради смртта на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство поради смртта на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, објави синоќа Кремљ.

    – Владимир Путин го изразува своето најдлабоко сочувство по смртта на Михаил Горбачов и утринава  испрати телеграма со сочувство до неговото семејство и блиските, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Горбачов кој е добитник на Нобелова награда за мир, почина вчера во Москва на 92-годишна возраст, по долга болест, јавија руски медиуми.

    Други светски лидери исто така му одадоа чест на Горбачов.

    – Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи – изјави американскиот претседател Џо Бајден. 

    Тој додаде дека „неговите постапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“.

    -Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе – истакна Бајден.

    Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изрази „длабока тага“ и го нарече Горбачов „уникатен државник, кој го промени текот на историјата“.

    „Направи повеќе од кој било друг, за да поттикне Студената војна да заврши на мирен начин“, пишува во соопштението на Гутереш.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го опиша Горбачов како „водач кој беше достоен за доверба и почит“.

    Последниот советски лидер „одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса. Го отвори патот кон слободна Европа. Тоа е наследство што нема да го заборавиме“, напиша таа на Твитер.

    Францускиот претседател Емануел Макрон му се заблагодари на Горбачов за „ангажманот за мир во Европа“.

    Според Макрон, „тој е човек на мирот, чии избори го отворија патот кон слободата за Русите“.

    – Неговиот ангажман за мир во Европа ја промени нашата заедничка историја – додаде Макрон.

    Британскиот премиер на заминување, Борис Џонсон ги поздрави неговите „храброст и интегритет“.

    „Многу ме натажи веста за смртта на Горбачов. Секогаш се восхитував на неговите храброст и интегритет што ги покажа при завршувањето на Студената војна“, објави тој на Твитер.

    Џонсон додаде дека во моменталната агресија на Путин во Украина, „неговата неуморна посветеност на отворањето на советското општество останува пример за сите нас“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img