More

    Потребен е алтернативен начин за штрајкувањето

    spot_img

    Наставниците имаат законско право на штрајк, но апелирам да се изнајде алтернативен начин да се штрајкува, кој нема да влијае на наставата на децата, затоа што децата мора да бидат во училишните клупи, истакна претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

    – Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права да бараат подобар стандард, поголеми плати но ова никако не може да биде врз грб на учениците кои и така поради пандемијата изгубија многу од наставата – додаде Ди Џовани.

    Таа напомена дека УНИЦЕФ нема да го коментира штрајкот на наставниците, но како што рече, убаво би било да се најде иновативен начин со кој нема да бидат засегнати децата, додаде Ди Џовани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img