More

    Обид да се ослободат Британските затвореници, но не преку Москва

    spot_img

    Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека ќе стори „се што е можно“ за да бидат ослободени двајцата Британци, кои од страна на руските сепаратисти во Украина се осудени на смрт. Кремљ денеска информира дека Лондон не ја контактирал Москва во врска со ова прашање.

    – Ги уверувам семејствата дека ќе направам сè што е можно за да ги ослободам – рече Трас.

    Шон Пинер (48) беше фатен во Мариупол во април заедно со Ејден Аслин (28). Руските сепаратисти ги обвинија дека се платеници, потсетува Скај њуз.

    Во саботата, премиерот Борис Џонсон им нареди на своите министри да направат „се што е во нивна моќ“ за да обезбедат ослободување на осудените Британци. Трет маж, мароканскиот државјанин Саудун Брахим, исто така е осуден на смрт.

    Москва соопшти дека сите заробени платеници можат само да се надеваат на долга затворска казна, но најверојатно ќе бидат застрелани. Тројцата мажи се првите странски борци кои беа осудени од страна на сепаратистите. Имаат рок од еден месец да се жалат на пресудата.

    Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека е сигурен оти лидерите во т.н. Доњецката Народна Република ќе го послушаат апелот на Велика Британија за двајцата Британци.

    Песков на прес-конференција рече дека Лондон не контактирал со Москва во врска со ова прашање и дека рускиот амбасадор во Лондон не бил повикан во Министерството за надворешни работи.

    Би-Би-Си посочува дека и покрај изјавата на Трас, се чини дека британската Влада одлучила да не преговара директно со Русија во обидот да ги ослободи Британците.

    Тоа е затоа што Министерството стравува дека билатералниот конфликт меѓу Лондон и Москва може да доведе до лажни тврдења дека двајцата Британци биле платеници. Наместо тоа, се чини дека Британија има намера да им помогне на своите граѓани преку украинските власти.

    Тие се надеваат дека ќе можат да ги разменат за руски воени заробеници. Но, Русија ги користи осудени Британци за да изврши притисок врз Велика Британија. Сепак, нивното ослободување најверојатно повеќе ќе зависи од таа стратегија отколку од она што го прави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, наведуваат британските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img