More

    Мел Гибсон исфрлен од парадата за само 24 часа

    spot_img

    Во Њу Орлеанс секогаш е голем настан кога организациониот тим Креу од Ендимион ги најавува големите маршали за годишната парада на Марди Грас. Но, најавата доби неочекуван пресврт минатата сабота, откако Мел Гибсон беше откриен како еден од главните маршали за бучната парада што ќе се одржи на 18 февруари.

    „Неколку членови го изразија своето мислење дека тоа е ужасна идеја. Тие беа лути, велејќи дека сакаат да им се врати чланарината, која е приближно 3.000 долари годишно, и дека Гибсон е лош избор“, изјави еден долгогодишен член на Ендимион за „Њујорк пост“.

    „Мислам дека членовите на извршниот одбор не ги разбраа последиците од тоа Гибсон да биде голем маршал“, додал тој, објаснувајќи дека следното утро членовите добиле голем број вознемирувачки текстуални пораки од луѓе кои сметаат дека Гибсон е антисемитист. Имено, во 2006 година, актерот на еден полицаец му рекол дека „Евреите се одговорни за сите војни во светот“, а потоа го прашал дали тој е Евреин.

    „Луѓето зборуваа колку е тоа лудо и прашуваа што можеме да направиме за да ја исправиме грешката. Јас сум Евреин. Бев шокиран и разочаран. Тоа беше голема грешка“, објаснува долгогодишниот член на Ендимион.

    Гибсон е исфрлен од парадата само 24 часа откако беше најавен.

    „Креу од Ендимион доби значителни повратни информации за нашата најава за големиот маршал. Некои од овие коментари вклучуваат закани кои предизвикуваат голема загриженост. Во најдобар интерес на безбедноста на нашите возачи, специјалните гости и сите кои нѐ поздравуваат на улиците, Мел Гибсон нема да јава како голем маршал на нашата парада во 2023 година“, рекол претседателот на Ендимион, Ден Кели во официјалното соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img