More

    Македонија одигра нерешено

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација доцна попладнево во Разград одигра 1:1 против Бугарија во 1. коло од четвртата група Ц-сегмент во Лигата на нации.

    Домаќинот поведе преку Кирил Десподов во 13. минута, конечните 1:1 ги постави Милан Ристовски во 50. минута.

    Македонците доминираа во најголемиот дел од натпреварот, го имаа поседот на топката и контролата на играта и заслужија многу повеќе од реми. Бугарите освен неколку непрецизни удари, во последната минута се понадеваа на втор гол, откако судијата покажа пенал, но со помош на ВАР одлуката беше променета и добија само корнер.

    Ова беше осми меѓусебен натпревар на двете репрезентации, прв официјален и втор нерешен исход. Претходно Македонците имаат две победи, Бугарите четири.

    За време на целиот натпревар „црвено-жолтите“ беа бодрени од стотина гласни македонски навивачи.

    Во следното коло, македонската репрезентации гостува кај Гибралтар (5 јуни), а потоа јунскиот прозорец гон продолжува со два домашни натпревара, со Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img