More

    Кралот Чарлс Трети забранил да се подготвува ова јадење

    spot_img

    Кралот Чарлс Трети (74) во сите кралски резиденции ја забрани подготовката на јадењето foie gras, контроверзната паштета од патка која активистите за права на животните ја опишале како „мачење во конзерва“. Инаку, foie gras е едно од јадењата кои неговата снаа, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (40) особено го сака.

    Иако гастрономите го фалат богатиот вкус на овој скап производ, многумина сметаат дека самиот процес на добивање на оваа паштета е суров. Паштетата, што значи дебел црн дроб, се добива со присилно хранење на патки или гуски и имаат ограничен простор за движење, а сето тоа за нивниот црн дроб да се зголеми и до десет пати од нивната нормална големина.

    Чарлс веќе извесно време води кампања против ова јадење, а уште во 2008 година им забрани на готвачите во кралските резиденции да му го подготвуваат. Оваа вест од палатата ја потврдија со писмо упатено до здружението за права на животните ПЕТА, во кое пишува дека кралската резиденција не ја купува ниту продава оваа храна. Тие додале и дека немаат намера да ја менуваат оваа практика.

    Уште кога бил принц, Чарлс се залагал за правата на животните, заштита на животната средина и често зборувал за проблемот со климатските промени. Минатата година тој учествуваше на самитот за климатски промени во Глазгов, а за време на неговата посета на Канада оваа година ги повика нациите да научат нешто за домородните заедници за да помогнат во спасувањето на планетата.

    – Едноставно треба да научиме практични лекции, да го цениме традиционалното знаење преку длабоки врски со земјата и водата за тоа како треба да се однесуваме кон нашата планета – изјави тогаш Чарлс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img