More

    Итно отворање на преговорите за Северна Македонија

    spot_img

    За Северна Македонија со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел ќе дискутираме за потребата од итно отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи проширувањето на ЕУ не е само политички процес, туку во поглед на новиот гео-политички развој, особено поради војната во Украина, веќе станува и безбедносно прашање во регионот на Западен Балкан, нагласи премиерот Димитар Ковачевски во Брисел.

    Тој, пред средбата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја истакна важноста од интеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан во Европската Унија.

    – Задоволство е да се биде вечерва тука заедно со моите колеги и потпретседателот Борел. Се соочуваме со досега невидена состојба во историјата на нашиот континент. Овие состојби нè натераа да бидеме обединети како никогаш досега и да ги усогласиме нашите политики. Вечерва со потпретседателот Борел и другите колеги дискутираме за итни прашања, но и прашања кои се однесуваат на среден и долг рок, прашања кои потекнуваат од кризата и нашата улога кон Русија, а во врска со нејзината инвазија врз Украина – посочи премиерот.

    Ковачевски додаде дека исто така ќе дискутираат и за енергетската безбедност, како и за економските и финансиски импликации што ги носи кризата за нашата земја и за регионот.

    – Покрај тоа, ќе дискутираме за начинот и активностите што ќе ги спроведеме заедно за да ја зацврстиме и подобриме поддршката на ЕУ за регионот на Западен Балкан, како регион што е изложен на кризата што доаѓа од војната во Украина – наведе Ковачевски.

    Тој претходно оствари средба со белгискиот премиер Алексаданр Де Кро, со кого, како што соопшти владината прес-служба, се согласиле дека е неопходно брзо изнаоѓање на решение меѓу Северна Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина.
    Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, пред денешната неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан во Брисел, изјави дека поголемиот број партнери на ЕУ во регионот се целосно усогласени со одговорот на Унијата на руската агресија од првиот ден на војната во Украина. Тој наведе дека Западен Балкан останува стратешки приоритет за ЕУ, истакнувајќи ја потребата ЕУ и регионот „да останат обединети“ и „да ги преземат неопходните чекори заедно за да обезбедат безбедна, стабилна и просперитетна Европа“.

    На традиционалната неформална вечера на лидерите од Западен Балкан со шефот на европската дипломатија ќе бидат премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала и српскиот член во Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

    Ковачевски – Борел: Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите
    Премиерот Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел вечерва во Брисел одржаа средба на која ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност. Во таа насока, како што информираа од Кабинетот на Ковачевски, било истакнато дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија.
    За време на разговорот било нагласено дека Владата останува посветена на реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img