More

    За Aмбасадата на САД во земјава „збунувачки“бил изборот на Ислам Абази,потрошивме милиони долари во обуки,а добивме на „мала врата“ политичко мешање во правосудниот систем

    spot_img

    Aмбасадата на САД во земјава го нарече „збунувачки“ изборот на Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во одговор на прашање од редакцијата на “360 степени“ до амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

    „Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“ – се вели во одговорот од амбасадорката Агелер.

    Изборот на Абази, кој се изврши со гласање на сите јавни обвинители, наиде на големи критики во јавноста поради неговата скромна јавнообвинителска кариера, како и поради неговите блиски врски со врвни функционери од партијата ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img