More

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека поради ненавременото обезбедување енергенси од страна на Владата граѓаните ќе плаќаат поскапи парно и струја

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека поради ненавременото обезбедување енергенси од страна на Владата граѓаните ќе плаќаат поскапи парно и струја што значи, над 1.000 денари повеќе секој месец за овие две давачки.

    – Со одлука на РКЕ на Марко Бислимоски, поради неспособноста и криминогеноста на (Димитар) Ковачевски, парното поскапува за 15%. Со тоа домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат над 300 денари повеќе секој месец за затоплување на нивните домови. Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави – велат од партијата.

    Оттаму потсетуваат дека само пред  еден месец поради истите причини се покачи цената на струјата, за околу 18% за најголемиот број домаќинства, и 138% за тие кои се греат на струја.

    – Поради Ковачевски секое нормално домаќинство плаќа скоро 1.000 денари повеќе за струја, а тие што се греат на струја допрва ги очекува шок за време на грејната сезона.Струјата, исто како и парното поскапи, затоа што власта е неспособна и краде. Државата стана целосно зависна од увоз на скап јаглен, мазут не е набавен, а хидропотенцијалот не се менаџира правилно, сето тоа допринесува за над 1 терават часови помало производство на годишно ниво сега за разлика од кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата. А, за да се надомести тоа се одвојуваат милиони за скап увоз. Со СДСМ и Ковачевски народот ќе плаќа се поскапи сметки, а снабденоста е под знак прашалник – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img