More

    Љубителите на Супермен разочарани

    spot_img

    Актерот Хенри Кавил на својот инстаграм-профил објави дека, сепак, нема да се појави во новото продолжение на „Супермен“ и со тоа шокираше бројните обожаватели бидејќи неодамна беше најавено дека ќе учествува во проектот.

    Прв тоа го потврди режисерот Џејмс Ган.

    „Питер и јас сме подготвени за работа и не може да бидеме повозбудени. Ќе можеме да споделиме неколку возбудливи информации за нашите први проекти на почетокот на новата година. Меѓу тие проекти е и „Супермен“. Во почетните фази, ќе се фокусираат на претходниот дел од животот на Супермен, така што ликот нема да го глуми Хенри Кавил. Но, штотуку имавме одличен состанок со него и сме големи обожаватели, а разговаравме за низа возбудливи можности за соработка во иднина“, напишал Ган на Твитер.

     

    Веста потоа ја потврди Кавил на Инстаграм. „Имав состанок со режисерите, имам тажни вести. На крајот нема да го играм Супермен. Оваа вест не ми се допадна, особено откако студиото ми кажа да го објавам моето враќање во октомври, пред ангажманот. Но животот е таков. Го почитувам тоа што Џејмс и Питер го градат. Ним им посакувам многу среќа и на сите вклучени“, напиша Кавил, а потоа директно им се обрати на фановите на Супермен.

    „За сите оние кои беа со мене во текот на годините, сега можеме малку да тагуваме, но мораме да запомниме и дека Супермен е сè уште тука. Сè за што се залагаше сè уште стои и тој сè уште е пример за сите нас. Моето време на носење наметка заврши, но она за што се залага Супермен ќе остане засекогаш. Многу се забавував со сите подеми и падови“, објавил Кавил.

     

    Илјадници обожаватели му одговорија во коментарите и многумина од нив беа шокирани. Ќе истакнеме некои од коментарите.

    „Се надевам дека ќе те видам во друг универзум“, рече колегата Захари Леви, кој исто така е дел од DC и го игра Shazam.

    „Ти секогаш ќе бидеш Супермен, но и многу повеќе од тоа“, му напиша Дени Гарсија.

    „Ова е многу голем срам. Жал ми е што го слушам ова. Не знам што да кажам“, му напишал еден обожавател.

    „Веќе не си Супермен, не играш повеќе на Witcher. Ова се темни времиња”, му рекол друг обожавател.

    „Јас завршив со DC по оваа непријатна вест“, му напишал еден обожавател на Кавил.

     

     

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img