More

    Шпанија ќе дозволи и платено боледување за болни менструации

    spot_img

    Шпанскиот Парламент денеска усвои пионерски закон за сексуално и репродуктивно здравје со кој на девојките на возраст од 16 и 17 години им се дозволува да абортираат без согласност од родителите. Исто така, со Законот се предвидува и платено боледување за жените кои страдаат од болни менструации.

    – Овие подобрувања обезбедуваат слобода над сопственото тело и го потврдуваат статусот на полноправни граѓани за половина од нашето население – рече министерката за родова еднаквост Ирен Монтеро пред гласањето, кое помина со 190 гласа „за”, 154 „против” и петмина воздржани.

    Законот, на кој се спротивставија конзервативните активисти и Католичката црква, беше претставен од владејачката левичарска коалиција во мај.

    Согласно законот, се укинува тридневниот период на „размислување” за жените кои сакаат да абортираат и се укинува обврската на девојките на возраст од 16 и 17 години да добијат родителска согласност за постапката.

    Законот вклучува и платено боледување за жени од 39-та недела од бременоста, бесплатна дистрибуција на менструални производи во јавни институции како што се училишта, затвори и болници, а сурогат мајчинството, кое е нелегално во Шпанија, се дефинира како форма на насилство врз жените.

    Законот сега оди во Горниот дом на Парламентот на конечно одобрување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img