More

    Предупредување од Русија: Доколку Киев го преземе овој чекор, ќе започне Третата светска војна

    spot_img

    Приемот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна, изјави утринава заменик-секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Александар Венедиктов во интервју за државната новинска агенција ТАСС.

    „Киев е свесен дека таков чекор би значел загарантирана ескалација на Третата светска војна“, рече Венедиктов, а пренесе ТАСС. Венедиктов го повтори и руското мислење дека Западот, помагајќи ѝ на Украина, е „директна страна во конфликтот“.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави изненадувачка кандидатура за брзо членство во воената алијанса НАТО на крајот на септември, откако претседателот Владимир Путин одржа церемонија во Москва на која четири делумно окупирани региони беа прогласени за анектирани од Русија.

    Потсетиме дека во Њујорк, три четвртини од 193-те членки на Генералното собрание – 143 земји – во средата гласаа за резолуција која го нарече потегот на Москва незаконски, продлабочувајќи ја меѓународната изолација на Русија.

    Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија. Триесет и пет земји беа воздржани од гласањето, вклучувајќи го и стратешкиот партнер на Русија Кина, додека останатите не гласаа.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер напиша дека е благодарен на земјите кои ја поддржаа „историската резолуција“ на Генералното собрание на ОН. „Светот го кажа својот збор – обидот за руска анексија е безвреден и никогаш нема да биде признаен од слободните нации“, напиша тој.

    Во Брисел, повеќе од 50 западни земји се состанаа за да ветија дополнителна воена помош за Украина, особено оружје за противвоздушна одбрана, по тешките напади наредени од рускиот претседател Владимир Путин оваа недела како одговор на експлозијата на мостот на Крим. Ветувањата на сојузниците ја вклучија и најавата на Франција дека ќе испорача радари и системи за противвоздушна одбрана на Украина во наредните недели. Британија вети противвоздушни ракети, а Канада рече дека ќе обезбеди, меѓу другото, и артилериски ракети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img