More

    Распишан е меѓународниот конкурс за најдобра необјавена поетска творба „Антево Слово“ 2024

    spot_img

    Распишан е меѓународниот конкурс за најдобра необјавена поетска творба „Антево Слово“ 2024 специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, од страна на  Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“.

    Поезијата може да се испраќа до 1 март 2024 година.

    Од тимот на „Антево слово“ информираат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, а меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

    Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претставник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

    Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели пролетта, 2024 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

    – Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист – појаснуваат од  тимот на „Антево слово“.

    На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик.

    Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img