More

    Директорот на Транспортната заедница изврши увид на делот Куманово – Бељаковце

    spot_img

    Со огромна поддршка од Транспортната заедница, со соседите Албанија и Бугарија, како и Италија, успеавме овој Коридор 8 да го ставиме на главната мапа на европски коридори и токму поради тоа огромно е значењето овој европски Коридор да биде доизграден, како на железничката оска, така и на патната мрежа, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со Матеј Закоњшек, директор на Транспортната заедница и со директорот на Железници Инфраструктура, Зоран Трифуновски, денеска извршија увид на изградбата на железничкиот Коридор 8.

    Изградбата на железничка пруга на источниот дел од Коридор 8 е инвестиција од преку 700 милиони евра и чекор напред во развојот на железничка мрежа во Северна Македонија. Оваа железничка пруга се гради во три фази. Временската рамка за изградба на оваа пруга е 5 години.
    Директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, истакна дека Коридорот 8 не е важен само за Северна Македонија или за Албанија и Бугарија, туку е клучен за цел регион, поврзувајќи ги Црното Море и Медитеранот.

    – Градежните работи на овој значаен Коридор се одвиваат со добра динамика, со запазување на сите рокови. Би сакал да потенцирам дека освен изградбата на железницата, многу е важно да имаме и реформи во овој ресор, со цел железничкиот транспорт да биде одржлив и во функција за граѓаните – рече тој.

    Во следните два дена Република Северна Македонија е домаќин на Министерскиот совет на министрите за транспорт од регионот од Западен Балкан, како и Молдавија, Грузија и Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img