More

    Протест пред Влада за случајот на Клиниката за онкологија

    spot_img

    Вечерва пред Владата се одржува протест поради случајот со Клиниката за онкологија.  Предвидено е учесниците на протестот  да продолжат до „Рекорд“, па од плоштад „Македонија“, да стигнат до Основното јавно обвинителство во Скопје. Како што наведуваат организаторите, се бара „правда за жртвите“.

    Даријан Петров, активист и театарски актер од Скопје рече дека неговата мајка ја изгубиле од канцер во 2020, а една годината пред тоа се лекувала на Клиниката за онкологија.

    – Не би одел во детали за тоа што се случуваше таму, бидејќи би сакал говорот да го фокусирам на нешто друго. Иако низ годините како семејство и лично јас имав многу голема можност да ги замразам институции, нашата земја и едноставно да станам огорчен од нашиот систем, јас одбирам да ја искористам мојата болка во борба и креативност. Наоѓам смисла во активизмот и волонтирањето и тоа е нешто што ме спаси од самодеструкција. Ве охрабрувам сите, да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко НЕ. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност, рече Петров.

    А тоа, додаде тој, ќе го „започнеме со критика на системот, храброст, активирање и делување“.

    – Секој еден од нас е одговорен какво ќе биде општеството утре. Верувам дека со мотивација на нашите деца, внуци да размислуваат на овој начин, многу брзо ќе дојдеме до подобар квалитет на животот. Животот е некогаш страшен и тежок и да не дозволиме некои монструозни умови да ни го направат уште потежок. Не за неправдите на Онкологија, не за корумпираноста, не за сите идни неправди. Им го должиме ова на нашите предци, на нас и на следните генерации. Затоа ве повикувам масовните протести да станат норма за неправди како оваа. И овој говор го посветувам на мајка ми и сите ваши сакани, кои ја загубиле битката со ракот – додаде Петров.

    Случајот со наводите за оваа клиника предизвика низа реакции во јавноста, по што следуваа протести. Надлежните најавија дека ќе бидат санкционирани сите оние за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. На случајот работат МВР и Обвинителството.

    Јавното обвинителство соопшти дека ги презема сите дејства за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен лекарски и друг медицински персонал, а најавено е вклучување и на онколошки пациенти кои ќе имаат директен увид во целата постапка за случајот „Онкологија“.

    „Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од 10-тина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“ – соопшти Јавното обвинителство.

    Обвинителството ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејства.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img