More

    Украинците ги собориле сите крстосувачки ракети и дронови

    spot_img

    Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм.

    Се смета дека се работи за комбиниран напад со крстосувачки ракети Kh-101/555/55 и други видови, веројатно балистички ракети.

     

     

    Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистрирани истрели од системите за ПВО, додека во истиот момент била прогласена воздушна тревога низ Украина, која била укината околу еден час подоцна.

    „Уште еден ракетен напад на непријателот против мирен град со цел да се убие цивилното население и да се уништи инфраструктурата“, напиша шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко.

    Тој додаде дека според првичните податоци, во главниот град на Украина нема жртви или штети. Останува нејасно колкав е обемот на нападот.

    Во Одеса едно лице загина во рускиот напад со дронови врз пристаниште во југоисточниот дел на градот.

    Познатиот политички коментатор Антон Герашченко, на Твитер сподели видео од нападот врз Киев од 30 август, каде е снимена голема експлозија на проектил. „Вака е да преживееш напад со проектили и дронови врз Киев“, напишал тој, а Гардијан и други западни медиуми ја пренесоа снимката како една од најдраматичните снимки од напад врз овој град фатени на камера.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img