More

    Половина Скопје ќе биде затворено за сообраќај

    spot_img

    Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД.

    Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со улиците „Прохор Пчински“ и „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје.

    „По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и булеварот Никола Карев, на потегот од улицата Македонско – косовска бригада до улицата 8 Септември, како и улицата Македонско – косовска бригада, на потегот од крстосница со улицата Џон Кенеди до крстосница со булеварот Никола Карев во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопштија од МВР.

    СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

    Исто така, поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим. Велосипедската трка почнува во 09.45 часот, при што почетната точка е од пред Музеј на град Скопје – ул.Св. Кирил и Методиј, а продолжува со траса на движење по бул.Св. Климент Охридски, бул.Мајка Тереза, ул.Тодор Александров, локален пат за Средно Водно до врв на Водно (Милениумски Крст).

    Планинарите стартуваат во 10.00 часот, а трасата на движење почнува пред Основно училиште „Кочо Рацин“ на бул.Мајка Тереза, ул.Тодор Александров и ул.Салвадор Аљенде, ридско пешачките патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно (Милениумски Крст).

    Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

    МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img