More

    Стинг не е импресиониран од вештачката интелигенција (ВИ) и предвидува дека на човештвото му претстои битка против оваа технологијата

    spot_img

    Популарниот рок музичар Стинг не е импресиониран од вештачката интелигенција (ВИ) и предвидува дека на човештвото му претстои битка против оваа технологијата, особено во креативните сфери како што е музиката.

    – Компонентите на музиката ни припаѓаат нам луѓето. Тоа ќе биде битка што сите треба да ја водиме во следните неколку години – да го браниме нашиот човечки капитал од вештачката интелигенција – изјави Стинг за Би-би-си.

    Употребата на вештачка интелигенција е сè поприсутна во музиката, а минатата недела шефовите на креативната индустрија во Велика Британија повикаа на регулација во овој сектор. Неодамнешните примери за употреба на вештачка интелигенција беа тој на Дејвид Гета кој го додаде „гласот“ на Еминем на една од неговите песни, користејќи вештачка интелигенција, како и божемната „соработка“ помеѓу „Дрејк“ и „The Weeknd“, генерирана од вештачка интелигенција. Овој микс стана вирален на мрежите, но подоцна беше отстранет од музичките стриминзи по барање на авторите, кои се повикаа на своите авторски права.

    Стинг вели дека самите капацитети на ВИ за него не се импресивни.

    – Тоа е слично на начинот на кој гледам филм со специјални ефекти. Воопшто не ме импресионира. Веднаш ми е здодевно кога ќе видам слика генерирана од компјутер. Претпоставувам дека би се чувствувал исто така кога би слушал музика генерирана од вештачката интелигенција. Можеби за електронската денс музика тоа може да функционира, но кога се во прашање песните, изразувањето емоции, мислам дека таква музика нема да ме трогне – рече Стинг.

    Музичката индустрија брзо се мобилизираше против вештачката интелигенција, лансирајќи група наречена „Кампања за човечка уметност“ и предупредувајќи дека компаниите со вештачка интелигенција ги кршат авторските права со обука на нивниот софтвер за генерирање музика и нејзино комерцијално објавување.

    Дали музиката напишана со вештачка интелигенција може да биде заштитена со авторски права сè уште е прашање за дебата. Според англискиот закон за авторски права, на пример, делата генерирани од вештачката интелигенција, теоретски, можат да бидат заштитени. Сепак, американската канцеларија за авторски права неодамна донесе одлука дека уметноста од вештачка интелигенција, вклучително и музиката, не може да биде заштитена со авторски права бидејќи „не е производ на човечко авторство“.

    Не се сите музичари против вештачката интелигенција. Фронтменот на „Пет шоп бојс“ Нил Тенант смета дека вештачката интелигенција може да им биде од помош на музичарите да ги надминат своите креативни блокади.

    – Имаме песна за која напишавме рефрен во 2003 година и никогаш не ја завршивме, затоа што не можев да смислам нови стихови. Но, сега на вештачката интелигенција можете да ѝ ги дадете деловите што сте ги напишале, да го притиснете копчето и таа ќе ги пополни празнините. Потоа можете да ги преработите стиховите, но сепак тоа може да биде корисна алатка – изјави Тенант за Радио Тајмс.

    Стинг се согласува со опсервациите на Тенант, но „само до одреден степен“.

    – Алатките се корисни, но ние сме тие што треба да ги „управуваме“. Мислам дека не можеме да дозволиме машините сами да ја преземат контролата. Мораме да бидеме претпазливи – вели музичарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img