More

    Киев негира дека е уништен „Патриот“, сите руски ракети биле соборени

    spot_img

    Украина објави дека ги соборила сите шест истрелани руски хиперсонични ракети Кинжал, кои Москва претходно ги рекламираше како речиси незапирливо супероружје.

    Ова е првпат Украина да тврди дека соборила повеќе хиперсонични ракети. Доколку овие наводи се потврдат, тоа ќе биде демонстрација на ефикасноста на неодамна распоредената западна противвоздушна одбрана, наведува Ројтерс.

    – Мисијата на непријателот е да сее паника и да создаде хаос. Меѓутоа, во северната оперативна зона (вклучувајќи го и Киев) сè е под целосна контрола. Шест Кинжали, балистички проектили кои патуваат со до 10 пати поголема од брзината на звукот, беа меѓу 18-те проектили што Русија ги истрела во Украина – рече украинскиот генерал Серхи Наев.

    Во многу украински градови утрово одекнала воздушна тревога, вклучувајќи ја и престолнината Киев. Освен „Кинжал“ ракети, биле соборени и три Искандер ракети со долг дострел, соопшти командантот на украинската војска, Валериј Залушниј преку Телеграм. Според украински наводи, соборени се и шест дронови „Шахед“ од иранско производство и три извидувачки дронови.

    Потврдата на наводите на украинската армија би значела доказ за ефикасноста на системите за противвоздушна одбрана кои Западот ѝ ги испорача на Украина.

    Русија, пак, тврди дека во ноќешните жестоки ракетни напади уништила еден од противвоздушните системи за одбрана „Патриот“, испорачан од Запад. Руското Министерство за одбрана во Москва прецизираше дека тоа е извршено со ракета „Кинжал“, на што украинскиот командант Залушниј контрираше – сите истрелани ракети „Кинжал“ биле уништени. Руските напади биле насочени и против украинските воени единици и складишта со муниција, соопшти Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img