Од секој уплатен аранжман ќе бидат донирани средства во СОС Детско село за децата кои се згрижени во оваа организација да имаат поквалитетен живот, потенцираа од Агенцијата ЈК Травел кои официјално го потпишаа договорот со СОС Детско село за кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира“ која ќе трае до 22 јуни 2023 година.
– Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК Травел е показател за агенција со визија за општествена одговорност, така што сите средства ќе бидат наменети за потребите на децата, а сите одвоени средства со купувањето на летен аранжман во Агенцијата, кај нас менува животи, вели Рахела Евтимова, експерт за коорпоративни партнерства од СОС Детско село.
Кампањата ќе трае до 22 јуни годинава, а ЈК Травел планира да организира тим билдинг заедно за вработените и со децата, ќе засадуваат дрвја и ред други активности, бидејќи според нив секој детски сон заслужва да се оствари.
– Навистина сме среќни како туристичка агенција што започнавме со кампањата, сакаме да бидеме пример и за останатите компании секогаш да им даваме поддршка на оние кои им е најпотребно. Со кампањата сакаме да ги поттикнеме вистинските вредности кај луѓето, колку е важна вистинската грижа за другите, во овој случај поточно грижата на децата и младите без родители и родителска грижа да имаат топол дом, да растат во семејство, да бидат среќни, да имаат среќно и безгрижно детство, така што ајде заедно да го сториме тоа преку „Ти летуваш, ЈК Травел донира“, потенцираше Елизабета Кочева – Јосифовска од туристичката агенција ЈК Травел.
СОС Детско село веќе 20 години е посветено на грижа на деца и млади без родители и родителска грижа, од таму и потребата на ЈК Травел се вклучија за да ги поддржат.