More

    Украина истрела 40 ракети врз Доњецк

    spot_img

    Украинските сили го гранатираа источниот град Доњецк, кој е под руска контрола, во еден од најголемите напади во последниве години, изјавија денеска официјални претставници испратени од Русија во анектираните области.

    – Токму во 7 часот утринава, центарот на Доњецк беше цел на најмасовниот напад од 2014 година – изјави на Телеграм Алексеј Кулемзин, градоначалник на Доњецк, поддржан од Русија.

    – Врз цивилите во нашиот град беа истрелани 40 ракети од повеќецевни фрлачи БМ-21 Град – додаде Кулемзин.

    Во меѓувреме руската армија денеска постави балистичка ракета Јарс на лансирната рампа во регионот Калуга, непосредно пред Денот на руските стратешки ракетни сили.

    – Важноста на оваа операција е во фактот што проектилот ќе биде на борбена задача според планираното. Татковината ќе добие уште еден пример на нуклеарно ракетно оружје, што ќе ни овозможи да ги решиме сите задачи на стратешко ниво – изјави командант на ракетната формација Козелски, Алексеј Соколов.

    Поставувањето на балистичка ракета Јарс на лансирна рампа уследи откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги финализира плановите за испраќање напреден систем за воздушна одбрана со долг дострел во Украина за да помогне во запирање на руските напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img