More

    Тројца загинати во воздушен напад на воена база во Русија

    spot_img

    Според руски извори, тројца руски војници загинале денеска во напад на украинско беспилотно летало на воениот аеродром Енгелс на југот на Русија, на неколку стотици километри од границата со Украина, јави германската новинска агенција dpa.

    Руската противвоздушна одбрана соборила украинско беспилотно летало кое се приближило до воздухопловната база Енгелс, при што загинале тројца војници кои биле погодени од урнатини, според руски извори, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесуваат странските агенции.

    Повредени се уште четири лица. Технологијата на леталото не е оштетена, потенцираат од Министерството за одбрана.

    Во Енгелс се стационирани стратешки бомбардери со кои Русија ја уништува украинската енергетска инфраструктура, пренесува dpa. Градот на реката Волга е оддалечен повеќе од 500 километри од украинската граница.

    Тоа беше втор напад на базата Енгелс овој месец. Во почетокот на декември, според руски извори, во нападот биле оштетени два авиони. Цел на нападите бил и воениот аеродром во Рјазан, 200 километри југоисточно од Москва. Се вели дека нападите се одговор на руското ракетирање на стратешката инфраструктура, пренесува ДПА.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img