Како што објави британскиот таблоид „Сан“, Кејт Мидлтон ќе одигра тениски меч со тениската легенда Роџер Федерер за да собере пари за загрозените деца.
Војвотката од Кембриџ (40) и поранешниот светски рекет број еден Федерер ќе одиграат пријателски натпревар зад затворени врати на тајна локација.
Минатата година Кејт се соочи со британската сензација Ема Радукан (19), а шампионката на УС Опен изјави дека војвотката има „неверојатен“ форхенд.
Кралското семејство е во пријателски односи со Федерер, кој кога има време го учи принцот Џорџ (9) да игра тенис, а бил гостин и на свадбата на сестрата на Кејт, Пипа Метјуз (38).
Војвотката Кејт е покровител на тенискиот клуб Wimbledon All England, и се здружи со Федерер за да им помогне на децата со пречки во развојот.
Заработката од натпреварот ќе биде толку голема што ќе може да се финансираат дури 50 подготвителни турнири организирани од Британската тениска асоцијација