Српската полиција од словенечки државјани во нивниот автомобил запленила околу 30 килограми марихуана. Тие беа обвинети за недозволено производство и трговија со нелегални дроги и им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
Двајца словенечки државјани денеска се уапсени во Србија, откако српската криминалистичка полиција во соработка со локалното МВР од нивниот автомобил запленила приближно 30 килограми марихуана.29-годишниот Х.В и 24-годишниот Х.З се обвинети за недозволено производство и тргување со недозволени дроги, јавува српската новинска агенција Танјуг.
По прегледот на автомобилот управуван од Х.В., додека на совозачкото седиште седел Х.З., полициските службеници во специјално изработена фиока пронашле 48 пакувања со марихуана за кои се сомневаат дека биле пренесени за препродажба, соопштија од министерството.
На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.