More

    Сината значка ќе чини: Маск ја објави цената за проверена сметка на Твитер

    spot_img

    Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, најави дека сопствениците на проверени сметки на таа социјална мрежа во иднина ќе треба да плаќаат по осум долари месечно за да го задржат т.н. сина значка.

    -„Сегашниот систем на Твитер на господари и кметови врз основа на тоа кој има или нема сина значка е s***. Моќ на народот. Сина (значка) за осум долари месечно“, објави Маск на Твитер.Тој додаде дека оваа цена сепак ќе се приспособува во секоја земја пропорционално на паритетот на куповната моќ.

    За таа цена, според Маск, проверените корисници на Твитер ќе добијат приоритет во одговорите, споменувањата и пребарувањата, што, според него, е од суштинско значење во борбата против спам.

     

    Сопствениците на сини значки ќе можат да објавуваат подолги видео и аудио снимки, а ќе бидат изложени на половина повеќе реклами.

    „Ова ќе обезбеди и приход за Твитер за да ги награди креаторите на содржина“, додаде Маск.

    Сината значка на Твитер моментално е бесплатна и покажува дека профилите што ја имаат се автентични.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img