More

    Се катапултираше над Виница, а претходно собори пет ирански дронови

    spot_img

    Владимир Ворошилов, украинскиот пилот кој над градот Виница мораше да се катапултура од својот авион пред тој да биде уништен, а кој претходно успеа да собори пет ирански дронови Шахед-136 кои ги користи Русија, беше прогласен за „Херој на Украина“ од страна на претседателот Володимир Зеленски. Пилотот стана познат по тоа што си направи селфи со своето крваво лице и палецот кој покажува нагоре, пишува Њузвик.

    „Никој и ништо не може да не скрши!“, напиша Ворошилов под сликата во која се гледа дека остатоците од авионот му исекле делови од образите и од вратот.

    „Украинските одбранбени сили не ја бранат само нашата држава, тие го бранат целиот цивилизиран свет, ова е штит што го штити западниот свет од ордата, оставајќи зад себе само хаос и пустош! Но, оваа заштита е многу скапа за синовите на Украина, затоа треба да разберете и да запомните!“, додава тој.

    Ворошилов бил во ноќна битка со дроновите на 12 октомври со неговиот Миг-29 кој на радиоврската се одзивал на името „Караја“. Пилотот подоцна на својот Инстаграм профил напиша дека четири дена откако се катапултирал од неговиот авион, се вратил и им се извинил на локалните жители за непријатностите што можеби им ги предизвикал.

    Ворошилов напишал дека „им се заблагодарил за нивните челични нерви, за нивната сеопфатна помош дадена за време на евакуацијата и за нивната верба во вооружените сили на Украина!“

    Според украинските медиуми, Ворошилов е родум од градот Кременчук во централна Украина. Дипломирал на воениот ликеј Кременчук во 2011 година, а подоцна и на Националниот универзитет на воздухопловните сили во Харков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img