Во Русија започна продажбата на новата „Москва“, а во понудата се кросовер со мотор со внатрешно согорување кој чини 1,97 милиони рубљи или околу 26.000 евра и електричен автомобил чија цена е три и пол милиони рубљи, околу 46.000 евра.
Новиот „Москвич“ ќе се произведува во пет бои: бела, црна, црвена, сива и сина. Кросоверот е опремен со бензински мотор од 150 коњски сили и 210 Nm вртежен момент, а на купувачите ќе им бидат понудени верзии со автоматски или мануелен менувач.Тоа е првиот модел што се произведува во фабриката, која оваа година стана сопственост на московската влада. Планирано е годинава да се произведат 600 возила, од кои 200 ќе бидат електрични. Планирано е производство на 50.000 автомобили во 2023 година, до 100.000 во 2024 година и до 120.000 во 2025 година.