More

    Путин се лизнал и паднал по неколку скали во неговата резиденција, а потоа телохранителите му помагале да се качи на троседот

    spot_img

    Рускиот лидер Владимир Путин се лизнал и паднал по неколку скали во неговата резиденција, а потоа телохранителите му помагале да се качи на троседот, објави Дејли Мејл и други британски медиуми. Тие го цитираат каналот Генерал СВР на Телеграм каде е објавено видео во кое Путин „се сопнал и паднал на грб, по што паднал на страна и се лизнал неколку скалила“. Дали претседателот е навистина болен од рак, Паркинс или друга болест?

    „Путин слета на мезанинот, падна пет скалила, потоа се преврте на страна и падна на уште две. Остриот удар го натера ненамерно да дефецира поради рак на гастроинтестиналниот тракт“, пишува ДејлиМејл.

    Пред прегледот, лекарите го придружувале претседателот до бањата и му помогнале да се исчисти. Тој се здобил со модринки. Веќе била најавена истрага која ќе утврди што го предизвикало падот.

    „Носи специјални чевли, дури и дома, со антилизгачка обвивка, а скалите во резиденцијата се сметаат за „безбедни“, пишува на каналот.

    Претходно овој месец, каналот тврдеше дека здравјето на Путин „е постојано изложено на стрес и сè повеќе предизвикува загриженост кај лекарите и (неговите) роднини“.

    Во него се наведува дека „поради ракот, Путин има сериозни дигестивни проблеми и е на строга иета во последните неколку месеци“. Тој, исто така, страда од „напади на кашлање, вртоглавица, нарушувања на спиењето, абдоминална болка и постојана мачнина“, како и „манифестации на симптоми на Паркинсонова болест и шизоафективно нарушување“.

    „Путин постојано се лекува, а подготовката на претседателот за јавно излжување станува сè потешка. На ова треба да се додадат зголемените ризици во однос на личната безбедност [поради неуспесите на неговата војна во Украина“, продолжува објаснувањето.

    „Целиот комплекс на проблеми го натера претседателот да донесе одлука по Нова година да се префрли на режимот на „самоизолација“ и поголемиот дел од времето да го поминува во една од [неговите официјални] резиденции опремена со таканаречен „бункер“, се вели.

    Каналот тврди дека „ситуацијата на фронтот е таква што, со оглед на сегашните трендови, руските војници ќе бидат принудени да ги напуштат сите окупирани територии на Украина до летото следната година“, освен полуостровот Крим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img