More

    Прозваниот адвокат признава дека не пополнил анкетен лист

    spot_img

    Aдвокатот Ивица Јевтиќ, кој беше спомнат од ВМРО-ДПМНЕ како еден од функционерите кои не го пријавиле својот имот, потврдува дека нема поднесено анкетен лист, но додава дека хонорарот што го добива како член на управиот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил изнесува само 1.000 денари.

    – Се работи за Управен одбор каде месечниот надоместок е 1.000 денари. Доколку ДКСК смета дека било потребно да се поднесе анкетен лист и треба да сносам санкција, ќе ја прифатам. Законот треба да важи за секого – изјави Јевтиќ за порталот „Локално“.

    Името на адвокатот Јевтиќ се најде во фокусот на јавноста откако ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува кои функционери од СДСМ и ДУИ наводно прикривале имот. Според најавите од партијата се работи за 123 функционери и имот во вредност од околу 30 милиони евра.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција рече дека Јевтиќ е еден од основачите на адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, кое често застапува на суд членови и функционери од СДСМ, дека e член на надзорниот одбор на СДСМ, како и на Македонско-бугарската стопанска комора.

    – Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата, го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти – праша пратеникот Петрушевски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img