More

    Близу 300 патници успешно се вратени на земја

    spot_img

    Моторот на авион од типот Боинг 787 управуван од кинеската авиокомпанија Хаинан ерлајнс се запалил денеска кратко по полетувањето од аеродромот Фиумичино во Рим, соопштија официјални лица на италијанскиот аеродром и крајбрежната стража.

    Според локалните медиуми, авионот летал за кинескиот град Шенжен, а во него имало 249 патници и 16 членови на екипажот. По избувнувањето на пожарот, авионот се вратил назад и безбедно слетал во Рим.

    „Авионот очигледно бил погоден од птица“, се вели во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

    Ударите од птици се вообичаени и можат да претставуваат значителна закана за безбедноста на авионите.

    Немаше доцнења во воздушниот сообраќај во Фиумичино, изјави претставник на аеродромот.

    Локалните медиуми објавија дека патниците биле вознемирени по овој инцидент и дека во авионот се слушнале врисоци и паника откако патниците виделе пожар во близина на десното крило.

     

    Според „Кориере дела сера“ дошло до серија експлозии, а потоа се запалил десниот мотор на авионот. На небото над Остија и Фиумичино се слушнаа мали експлозии. Авионот потоа прелетал над брегот неколку пати за да исфрли гориво во морето пред да се врати и да изврши итно слетување.

     

    Поради силните експлозии на небото кај населението во Остија настана страв. Многумина стравуваа дека авионот ќе се урне на земја, но веднаш беа спроведени безбедносните процедури во случај на пожар во авионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img