More

    Прв пат: Судијата им ја објасни промената на одлуката на навивачите!

    spot_img

    Со одлука на Меѓународниот одбор, за време на Светското клупско првенство во фудбал, кое започна во средата, ќе се тестира промена во примената на ВАР технологијата. И имавме можност да го видиме тоа на пракса веќе на првиот натпревар.

    Ал Ахли го совлада Окленд, но она што посебно ќе го паметиме од овој натпревар е ситуацијата во која главниот судија на натпреварот примени ново правило, односно препорака.

    Меѓународниот одбор одобри нов начин на користење на ВАР системот да биде тестиран за време на Светското клупско првенство. Главниот судија ќе го погледне видеото и потоа јавно ќе им ја објасни на сите одлуката што ја донел врз основа на тоа. Така, судијата ќе им објасни на сите на стадионот, но и на оние кои го гледаат натпреварот дома, што се случило, како видел и врз основа на која ја донел одлуката.

    Натпреварот навлегуваше во судиското надополнување кога главниот судија, Кинезот Ма Нинг, врз основа на видеото што го погледна, ја смени одлуката за пенал со одлука да досуди слободен удар, а потоа сето тоа убаво им го објасни на навивачите и гледачите.

    Дефанзивецот на Окленд Адам Мичел го собори Тахер Мохамед на работ од шеснаесетникот, а судијата Ма Нинг уште во првиот момент покажа на белата точка. Меѓутоа, од ВАР собата му било кажано дека треба да ја провери спорната ситуација, што и го направил. Се испостави дека фаулот е направен надвор од шеснаесетникот, Нинг извесно време го гледаше видеото, па објасни зошто ја променил одлуката. Освен што ја промени одлуката пеналот да се претвори во слободен удар, Нинг му покажа и црвен картон на Мичел „поради прекршок при чиста шанса за гол“.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img