Поранешниот руски министер за надворешни работи смета дека Путин е рационален и нема да започне нуклеарна војна. Зошто мисли дека Путин нема да користи нуклеарно оружје против Западот, објасни Андреј Козирев во објава на Твитер.Тој напиша дека Путин е рационална личност и дека инвазијата на Украина – иако страшна – не е ирационална.
„И поради три причини: Путин верува дека Украина не е вистинска нација.
„Ако украинската влада не може да остане независна и тајно про-Кремљ, како што веројатно заклучи, тогаш отворено ќе ја принуди на тоа“, напиша тој.
„Додека Кремљ ги помина последните 20 години обидувајќи се да ја модернизира својата војска, голем дел од парите беа украдени и потрошени на мегајахти на Кипар – но воените советници сметаа дека не можат да го пријават тоа на Путин“, рече Козирев. дека Западот е слаб и дека американскиот претседател Џо Бајден е ментално неспособен.
„Значи, според мене, Путин е рационален. Со оглед на тоа што е рационален, цврсто верувам дека нема намерно да користи нуклеарно оружје против Западот. „Велам намерно бидејќи гранатирањето во близина на нуклеарната централа може да предизвика ненамерна нуклеарна катастрофа во Украина“, рече Козирев.