More

    По 3 милиони денари за настраданите во Туркије и Сирија

    spot_img

    Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји.

    Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира преку уплата на средствата на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

    – Паричните средства од член 1 од оваа одлука се обезбедени во Буџетот на Град Скопје за 2023 година, од Програма за постојана резерва непредвидливи расходи. Според член 3, за реализација на оваа одлука се задолжува градоначалникот на Град Скопје. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавување во Службен гласник на Град Скопје – информираше Славески.

    Советникот Страшо Ангеловски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во своето обраќање на седницата посочи дека гласајќи денеска да се одвојат по три милиони денари за двете земји, само ќе си ја „исперат сопствената совест“, притоа знаејќи дека средствата нема да стасаат до Сирија.
    Тоа е, како што рече, поради тоа што во Сирија уште не се стигнати ниту средства, ниту пари, заради „санкциите и рестриктивните мерки на евроатланските партнери и нивните вредности, кон кои се стремиме“.

    – Секако дека ќе го изгласаме, јас ќе бидам прв кој ќе гласа за ова, меѓутоа ајде да се заложиме ваквите вредности да не важат, барем во време кога народите страдаат, без разлика за кој народ станува збор. Луѓето се луѓе. Јас сум огорчен од тие вредности кон кои многумина сакаат да ме водат заедно да ги споделуваме. Искрено сочувство и желба за што поскоро справување со несреќата која ги задеси двата народи и да се надеваме дека пораките од нас ќе стасаат и таму – рече Ангеловски.

    Советникот Амар Мециновиќ од Левица оцени дека е убаво што сега Советот покажува капацитет, затоа што на овие луѓе им е потребна помош.

    – Народите од Источниот Медитеран нам ни се блиски, со нив делиме историја, со нив делиме дури и една географска целина. Би сакал во овие моменти кога гледаме дека човечкиот пркос е посилен од било што може да се втурне над човечката судбина, дека овие народи повторно ќе ги изградат нивните живеалишта и дека ќе продолжат да живеат мирно и достоинствено – рече Мециновиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img