More

    Намалена е цената и на мрежарината за домаќинствата

    spot_img

    Цената на стурјата од 1 јануари следната година кај првиот и вториот блок кај домаќинствата се намалува, а за третиот и четвртиот блок ќе се зголеми. Намалувањето на цената во првиот блок е за  4,11 отсто, за вториот блок цената се намалува за 2,95 отсто, кај третиорт блок се зголемува за 0,85 отсто, а кај четвртиот блок зголемувањето е за 7,65 отсто. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

    Првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимоски рече дека  99,2 отсто од домаќинствата ќе имат намалена цена на електричната енергија.

    -Вкупната цена на струјата (заедно со мрежарината) за првиот блок ќе изнесува 7,41 денар. За вториот блок цената ќе изнесува 7,84 денари. За третиот блок цената ќе изнесува  8,74 денари, за четвртиот блок 18,81 денар. Во евтината тарифата цената на струјата ќе изнесува 4 денари – соопшти Бислимоски.

    Бислимоски рече дека заедно со ДДВ цената на струјата се зголемува за 4,72 отсто. Повисокото ДДВ, како што рече Бислимоски, нема да има скоро никакво влијание во сметките на потрошувачите од прв, втор и трет блок.

    Тој информира дека за домаќинствата се намалува и висината на мрежарината за 20, 6 отсто.

    Корекција има и кај  малите потрошувачи кај кои  вкупната цена се намалува за 20,15 отсто и ќе се приемнува за 70.000 компании во земјата.

    – Во скапа тарифа за нив вкупната цена на струјата без ДДВ ќе изнесува 13,73 денари, а во евтината тарифа ќе изнесува 10,78 денари – рече Бислимоски.

    Регулаторите ја намалија и цената на преносот на електрична енергија за 8,66 отсто, а цената за дистрибуција се намалува за  17, 4 отсто.

    Бислимоски информира дека просечната цена на струјата на ЕВН за домаќинствата заедно со мрежарината изнесува 98 евра за мегаватчас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img