More

    Мицкоски: Македонското стопанство плаќа осма најскапа струја во Европа

    spot_img

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини Владата за економско и енергетско фијаско и повторно порача дека на компаниите и на граѓаните им е потребна помош.

    Во објава на Фејсбук, Мицкоски денеска пишува дека македонското стопанство плаќа осма најскапа струја во Европа и оти СДСМ за пет години ја зголемил цената за 2,5 пати.

    – Македонското стопанство во првото полугодие од 2022 година плаќа осма најскапа струја во Европа според Еуростат и Државниот завод за статистика. Невистина е дека Владата се грижи за стопанството. Невистина е дека Владата им помага на повеќе од 72.000 компании. Според македонскиот завод за статистика, компаниите кои годишно трошат помеѓу 500 и 2.000 MWh струја, а тоа се најголемиот дел од оние 72.000 компании за кои Владата тврди дека им помага, плаќаат осма најскапа струја во Европа. Имено, според извештајот на Македонскиот завод за статистика тие компании плаќаат 10,391 ден/kwh (слика 2) или тоа е еднакво на 168,64€/Mwh – наведува Мицкоски.

    Повикувајќи се на податоци од Еуростат за второто полугодие од годинава тој посочува дека компаниите во регионот плаќаат многу поевтина струја од македонските компании, односно цената во Србија изнесува 89,3 €/MWh, во БиХ 71,4 €/MWh,  воТурција 117,1 €/MWh, во Косово 65,9 €/MWh, во Хрватска 141 €/MWh, а во Словенија 143,5 €/MWh.

    Мицкоски тврди дека во периодот додека тој бил генерален директор на ЕЛЕМ, домашните компании плаќале четврта најевтина струја во Европа.

    – Малку споредба, бидејќи Владата на СДСМ сака да се споредува со периодот кога јас бев советник на претседателот на Владата (од април 2015 до јуни/јули 2017 година) и генерален директор на ЕЛЕМ (од септември 2016 до август 2017 година) тогаш да ја направиме таа споредба. Имено, во првото полугодие од 2017 година македонските компании плаќале четврта најевтина струја во Европа по цена од 69,5 €/MWh, а во првото полугодие од 2022 година осма најскапа струја во Европа по цена од 168,64 €/MWh. За пет години цената на струјата за македонските компании владата на СДСМ ја зголеми за речиси 2,5 пати – пишува Мицкоски.

    Тој порачува дека на граѓаните и на компаниите им е потребна помош и оти не е сѐ до кризата, туку и до знаењето.

    – Економско и енергетско фијаско на владата на СДСМ. Не е време за политика, потребно е знаење, храброст и многу чесна работа. На граѓаните и компаниите им е потребна помош. Секоја затворена компанија подразбира изгубени работни места и семејства во неизвесност. Не е само до кризата, до знаењето е… – вели Мицкоски.

    Тој завчера пред премиерот Димитар Ковачевски претстави план за справување со енергетската криза. Со Ковачевски се договорија ВМРО-ДПМНЕ да ги достави своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши, што според опозициската партија било направено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img