More

    Масимо Савиќ ангажирал цела болница зад сцената

    spot_img

    Веста за смртта на пејачот Масимо Савиќ ја шокираше јавноста. Од својот сопруг се опрости Ени, се опростија и многу познати музичари, но и обожаватели, а сега се опрости и водителот и новинар Романо Болковиќ.

    Тој на социјалните мрежи објави статус во којшто се потсетува на познатиот пејач, но и на неговата здравствена состојба на последниот концерт во Арената во Загреб.

    „Ќе ми треба многу време за да ја започнам приказната од својот почеток, па затоа ќе бидам краток и ќе започнам од крајот. Пред само неколку недели имав еден гостин, неверојатен човек, голем експерт, медицинар. Зборувавме за сѐ и сешто, но некако разговорот нѐ одведе до Масимо. Да, тој мој гостин се занимава со онкологија. Реков дека ќе зборувам од крајот“, напиша Болковиќ и додаде:

    „И така, уште на самиот почеток на приказната ја знаев дека е крај. И не верував, бидејќи немав поим. Но приказната допрва почнува. Тука, на крајот. Моазимо имаше концерт во Арената во Загреб. Му рекол на мојот гостин, односно на својот лекар, дека тоа му е животен концерт. Лекарот му одговорил дека не е возможно да го одржи концертот и дека тој негов животен концерт ќе му го загрози животот“, напиша Болковиќ.

    Новинарот открива што се случило пред концертот.

    „Масимо замолил зад сцената да биде тој мој гостин – лекарот, но и целата негова медицинска екипа. За ако нешто тргне на лошо. Лекарот го погледнал и не верувал што му предлага Масимо. Но, уште пред да одговори било што, Масимо му рекол: Докторе, со вас или без вас, јас тој концерт ќе го одржам. Тоа е мојот животен концерт, ви повторувам“.

    Новинарот открива и дека Масимо знаел дека неговиот живот полека згаснува.

    „Јасно. Масимо знаеше дека приказната завршува. Медицинскиот тим беше зад сцената, лекарот беше тука. Масимо излезе на сцената и го отпеа својот животен концерт со дрен во белите дробови. Ви се извинувам за ова, ама мене многу силно ме погоди тој детал. Не можам, ниту имам право да си замислам што му минувало низ главата на Масимо таа вечер додека го пеел својот животен концерт“, напиша Болковиќ.

    Да се потсетиме, Масимо Савиќ почина на 23 декември и наводно имал рак на белите дробови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img