Американскиот носач на авиони Kitty Hawk, лансиран во 1961 година, кој помина низ Виетнамската војна и Заливската војна и со години крстосуваше по Пацификот, беше продаден за еден долар. Тој оди во Тексас, каде што ќе служи како огромен извор на старо железо. Таква е судбината на застарената воена опрема, пишува ХАК Магазин.Овој носач на авиони, напојуван од парни турбини, беше исфрлен од употреба во 2009 година, бидејќи беше заменет со носачи на нуклеарен погон.
Инаку, за време на неговата последна мисија во Виетнам во 1972 година, Кити Хок беше сцена на неверојатен конфликт во кој афроамерикански членови на екипажот се степаа со белците и во кој беа повредени 47 морнари. Целата пресметка наводно започнала од менза каде на еден темен морнар му бил одбиен сендвич додека неговиот бел колега го добил.
Кити Хок е познат и по судирот со советска подморница за време на Студената војна во 1984 година, кога се вратил во пристаништето со дел од подморницата заглавена во неговиот труп. Контактот со ривалскиот брод оставил трага од полимери кои ги направиле подморниците невидливи.
Со должина од 319 метри и ширина од 77 метри, Кити Хок е преголем за да се движи по Панамскиот канал, па затоа ќе мора да плови низ Јужна Америка до Тексас, според HAK.