Маж во американската сојузна држава Канзас почина откако неговото куче згазнало на пушка и го застрелало од задниот дел на камион.Полицијата не го наведе името на жртвата. Мажот бил пронајден на совозачкото седиште, а бил застрелан во грбот. Според Скај њуз, повикана е брза помош и се обиделе да го реанимираат 30-годишникот, но тој не можел да се спаси. Тој починал на местото на настанот.
Шефот на противпожарната служба во Велингтон изјави дека уште едно лице било пронајдено неповредено на возачкото седиште.
Тие сметаат дека несреќата е поврзана со лов бидејќи пронајдената опрема била во задниот дел од возилото.
„Куче на сопственикот на возилото згазнало на пушката, и била испукана куршума“, соопшти канцеларијата на окружниот шериф во соопштението за локалните медиуми.