More

    Користело стара фотка од нуклеарен отпад, реагираше владата на Словенија

    spot_img

    Слика од нуклеарна електрана и „место за складирање отпад“ која наводно е доказ за „валканата“ бомба која ја спрема Украина понуди шефот на руските трупи за нуклеарна, хемиска и билошка одбрана Игор Кирилов во свое обраќање. Фотографиите беа исмеани на Твитер како лажни, а на нив реагираше и владата на Република Словенија. Се ипоставува дека тоа се фотографии стари 10 години од нуклеарен отпад од словенечката Агенција за управување со отпад, наречена АРАО.

    Западните медиуми ги отфрлија наводите како руска пропаганда. Твитот, објавен на 24 октомври, од руското Министерство за надворешни работи тврди дека според руското Министерство за одбрана „на две организации на Украина им е директно наредено да ја создадат таканаречената валкана бомба. Работите се при крај“.

     

     

    На овие фотографии веднаш реагираше Владата на Словенија која рече дека тие се преземени од нуклеарно складиште во Словенија од 2010 година.

    „Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно и е под надзор. Не се користи за правење некакви „валкани“ бомби“, реагира Санди Виршек, директорка на словенечката Агенција за управување со нуклеарен отпад“.

     

     

    Украина не поседува нуклеарно оружје, откако во 1990-тите доброволно го предаде совите залихи во замена за гаранции за безбедност и суверенитет, како дел од Будимпештанскиот меморандум потпишан, меѓу другото, од САД и од Русија.

     

     

    Украинските и американските власти остро го отфрлија тврдењето дека Украина развива валкана бомба. Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, претходно неделава им рече на новинарите дека „нема ништо во ова руско тврдење“.

     

     

    – Ние продолжуваме да не гледаме ништо на начинот на подготовките на руската страна за употреба на нуклеарно оружје и ништо во однос на потенцијалната употреба на валкана бомба во овој момент – изјави Кирби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img