More

    Ковачевски ја пречека пред Владата со сите државни почести

    spot_img

    Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен попладнево пристигна во Скопје со цел да ја претстави дополнителната поддршка од ЕУ за Македонија и регионот во справувањето со актуелната енергетска криза.

    На платото пред Владата беше пречекана од премиерот Димитар Ковачевски.

    Дел од нашата владина делегација се и вицепремиерот за економски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

    По завршувањето на официјалниот пречек, делегациите ќе имаат тет-а-тет и билатерални средби, по што ќе следи и потпишувањето на Договорот за Фронтекс помеѓу Македонија и ЕУ.

    За вечерта е најавена и прес-конференција на Фон дер Лајен и Ковачевски.

    Скопје е само дел од агендата на претседателката на ЕК. Од овде таа ќе отпатува во Приштина и Тирана в четврток, Сараево и Белград в петок и Подгорица в сабота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img