More

    Индонезија со нов закон го забранува сексот надвор од бракот

    spot_img

    Парламентот на Индонезија во вторник усвои нов кривичен закон со кој се криминализира сексот надвор од бракот.Домот на пратеници го одобри законот со акламација на пленарна седница и покрај критиките дека тој ќе ги загрози граѓанските слободи во земјата со најголемо муслиманско население во светот.

    Законот ќе стапи на сила во 2025 година, три години по неговото донесување.

    „Ова го чекавме 59 години“, рече Едвард Омар Шариф, заменик министер за правда и човекови права, додавајќи дека стариот кривичен законик останал од холандската колонијална власт.

    Во понеделникот, стотици Индонезијци се собраа во неколку градови, барајќи од парламентот да го отфрли нацрт-законот.

    По неговото усвојување се очекуваат повеќе протести.

    „Индонезија предлага да се тргне по патот на катастрофална злоупотреба на правата со криминализирање на сексот надвор од бракот“, напиша на Твитер Фил Робертсон, заменик-директор за Азија на Хјуман Рајтс Воч.

    Законот предвидува сексуалните односи надвор од бракот да се казнуваат со затворска казна од една година, а паровите кои живеат заедно надвор од брак може да добијат шест месеци затвор.

    Но, за да може полицијата да покрене кривична истрага за такви дела, извештајот треба да го поднесе член на семејството, одредба што се смета за компромис за да се смират и конзервативците и либералите.

    Сексот надвор од бракот, вклучително и хомосексуалноста, во моментов не е кривично дело, но се смета за табу тема во конзервативна Индонезија.

    Тоа е забрането само во провинцијата Ачех, во која владее шеријатот, а прекршителите може да добијат до 100 удари со бастун.

    Предлог-законот предвидува и казна до три години затвор за секој што ќе го „нападне достоинството“ на претседателот или потпретседателот.

    Оние кои ја навредуваат власта би можеле да добијат до 18 месеци затвор или три години доколку делото предизвика социјални немири.

    Во меѓувреме, ширењето лажни вести се казнува со затворска казна до шест години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img