More

    Данска банка со драматични прогнози за 2023 година

    spot_img

    Глобалната економија оди во режим на „воена економија“, „каде што суверените економски придобивки и самодовербата ја надминуваат глобализацијата“.Ќе има забрана за производство на месо, а цената на златото вртоглаво ќе расте. Можно е да има уште едно гласање на Велика Британија за промена на Брегзит.

    Со вакви предвидувањата за глобалната економија во следната година излезе  данската Саксо банка во неодамна објевениот извештај.

    Меѓу главните најави е дека цената на златото би можела да надмине 3.000 долари за унца или околу 67 отсто повеќе од сегашната цена од околу 1.797 долари за унца.

    Извештајот ја сведува прогнозата за пораст на три фактори: „растечки менталитет на воената економија“ што го прави златото попривлечно од девизните резерви, големите инвестиции во новите национални безбедносни приоритети и зголемувањето на глобалната ликвидност додека креаторите на политиката се обидуваат да избегнат должнички дебакли во нивната рецесија.

    Саксо банката прдвидува барем една држава во светот да го забрани производството на месо како резултат на климатските промени.

    Банката се повикува на изтражување на Nature Food според кое месото е одговорно за 57 отсто од емисиите од производството на храна.

    -Нацијата што „се обидува да биде понапред од кривата“ за своите климатски податоци би можела да одлучи да го оданочува месото од 2025 година и може целосно да го забрани целото домашно произведено живо животинско месо до 2030 година – рече Чару Канана, пазарен стратег во Саксо банка.

    Стен Јакобсен, главен инвестициски директор на банката очекува Данска и Шведска целосно го забрануваат месото во училиштата.

    -Нам старите ни звучи лудо – изјави тој.

    Обединетото Кралство, земјите од Европската унија, Јапонија и Канада се меѓу земјите со правно обврзувачки нето нула ветувања.

    Банката превидува следната година да се нов референдум за Брегзит.

    Стратегот на пазарот на Саксо, Џесика Амир, рече дека британскиот премиер Риши Сунак и неговиот министер за финансии, Џереми Хант, би можеле да го спуштат рејтингот на Конзервативната партија на „невидено ниско ниво“бидејќи нивната „брутална фискална програма ја втурнува Велика Британија во длабока рецесија“.

    Ова, прогнозира банката, би можело да ја поттикне англиската и велшката јавност да го преиспита гласањето за Брегзит, со помлади гласачи да водат, и да го принуди Сунак да распише општи избори. Лабуристичка партија би можела потоа да победи на изборите и да вети референдум за поништување на Брегзит на 1 ноември, со победа на гласањето за повторно приклучување.

    За потсетување, во 2015 година Саксо банка предвиде дека Обединетото кралство ќе гласа за напуштање на Европската унија, предвиде дека Германија ќевлезе во рецесија во 2019 година. Ова Германија го избегна во 2019 година. Банката се обложи и дека биткоинот во 2017 година ќе доживее метеорски раст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img