Цените на половните автомобили се на највисоко ниво на сите времиња и најверојатно наскоро ќе паднат, соопшти во четвртокот одделот за финансии на Фолксваген. „Сега сме на врвот“, изјави шефот на продажбата на концернот, Ентони Бандман.Тесните грла на снабдувањето и намалувањето на производството во фабриките за автомобили ја зголемија цената на половните автомобили на германскиот пазар за 20-25 отсто над повеќегодишниот просек оваа година.
Со оценката дека трендот наскоро ќе оди во спротивна насока се согласи и директорот за финансиски услуги на Фолксваген, Кристијан Далхајм, како и директорот за финансии, Френк Фидлер, кој очекуваниот пресврт го припишува на воздржаноста на клиентите.
Цените веќе полека паѓаат бидејќи луѓето очекуваат рецесија и се повнимателни со парите, рече Фидлер. „Оваа година на цените влијаеја повеќе фактори.
Покрај недостигот на нови возила, тука се и последиците од војната во Украина, односно крајот на ерата на евтини кредити