More

    Груевски за „чистиот јазик“ со кој е потпишан договорот со ФРОНТЕКС

    spot_img

    Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна отстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но не знам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?

    Ова прашање го поставува поранешниот премиер Никола Груевски во статус на Фејсбук. Тој тврди дека „сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме“.

    „Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски“, пишува Груевски.

    Ова е неговиот пост:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img