Српскиот претседател Александар Вучиќ му понудил на младиот човек, кој пред два дена излезе од затворот во Приштина, да избере дали сака да работи во Министерството за информации и телекомуникации или во Канцеларијата за Косово и Метохија.
Вучиќ му честиташе на Никола Недељковиќ за неговата храброст и истакна дека тој е осуден без никакви докази и дека косовското обвинителство го намести судскиот процес против него.
Недељковиќ беше осуден за наводна навреда на Албанците во Газиместан на 28 јуни.