More

    Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон

    spot_img

    Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

    Станува збор за подваријанти на варијантата ΒΑ.5 на мутацијата Омикрон, а во Грција, според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 1 септември до 18 октомври биле потврдени десет случаи на BQ.1 и пет на BQ.1.1.

    Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во петокот соопштија дека во некои земји на Европската унија е откриена подваријантата BQ.1, која од 20 октомври 2022 година, ЕЦДЦ ја означи како варијанта на интерес (VOI).

    Согласно нивните модели, се очекува до средината на ноември и почетокот на декември над 50 отсто од заразените со Ковид-19 да се должат на BQ.1/BQ.1.1, а до почетокот на 2023 година, кај повеќе од 80 отсто од случаите да бидат доминантни овие варијанти.

    „Оваа варијанта (BQ.1) и нејзините подваријанти веројатно ќе придонесат за дополнително зголемување на случаите на Ковид-19 во Европската Унија и Европската економска зона во следните недели и месеци“, соопштија од ЕЦДЦ во петокот и додадоа дека врз основа на ограничените достапни податоци, нема докази дека подваријантата BQ.1 е посериозна од постоечките варијанти BA.4/BA.5.

    Освен новите подваријанти, во конкретниот период во Грција се потврдени и 35 случаи на подваријантата BA.2.75 на BA.2, позната како Кентаур, а во земјата има вкупно 66 случаи на ова подваријантата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img