Најмалку 24 Иранци се соочуваат со смртна казна за учество во протести во кои ја критикуваат владата, според извештајот објавен во саботата.Иранскиот дневен весник „Етемад“, објави список изготвен од судските власти во кој 25 демонстранти беа обвинети за „војување против Бога“, обвинение кое според исламскиот закон се казнува со смрт.
Раперот Мохсен Шекари, кој исто така е на списокот, беше погубен во четвртокот и беше обвинет за напад на чувар со оружје, поттикнување тероризам и блокирање на пат.
Правосудните органи најавија дека егзекуциите ќе продолжат.Сепак, во извештајот, Етемад апелираше до судот да ги преиспита смртните казни и да избегне понатамошни егзекуции.
Егзекуцијата на Шекари наиде на остра осуда во Иран и во странство. Но, политичките лидери на Иран, вклучително и претседателот Ебрахим Раиси, ја опишаа егзекуцијата како легитимен одговор на немирите низ целата земја.
Демонстрантите се заканија со одмазда, споделувајќи ја пораката „Чекај ја нашата одмазда“ на социјалните мрежи.
Во меѓувреме, Иранците во странство планираат да одржат серија протестни собири на крајот на неделата.Протестите беа предизвикани од смртта на иранската Курдка Махса Амини на 16 септември. Таа почина во полициски притвор откако беше уапсена поради кршење на исламскиот кодекс на облекување.
Покрај меѓународните санкции поврзани со иранската нуклеарна програма, Техеран сега се соочува и со санкции за кршење на човековите права.