More

    Британската модна дизајнерка која ги поместуваше границите

    spot_img

    Познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд почина на 81-годишна возраст во Клафам, Јужен Лондон.

    Смртта ја потврдија од нејзината модна куќа со објава на Твитер, каде што беше наведено дека дизајнерката починала во сон опкружена со семејството во Лондон.

    „Ќе ја носам Вивиен во срцето. Работевме до крај и таа ми даде многу работи со кои морам да продолжам“, рекол нејзиниот сопруг Андреас Кронталер.

    Вивиен Изабел Свајр е родена на 8 април 1941 година во селото Тинтвистл во Дербишир, најстарото од трите деца. Таа се школувала во Глосоп пред да се пресели со семејството во северен Лондон.

    Модната дизајнерка се прослави на модната сцена од 1970-тите со нејзините андрогени дизајни, маици со слоган и непочитување кон естаблишментот.

    Кога ја доби својата OBE во 1992 година, Вествуд носеше совршено скроен костум со сива шапка во ист стил, но без гаќи одоздола. Таа подоцна рече: „Запознав човек кој работеше со кралицата и тој рече дека тоа многу ја забавувало“.

    Вествуд е одговорна за некои од најпознатите модни дизајни, а во последниве години е позната по венчаниците, како онaa што ja носеше Кери Бредшо во филмот „Сексот и градот“ од 2008 година.

    Вествуд, исто така, се прослави како активистка, организирајќи јавни протести за да ја подигне свеста за целите кои ѝ се блиски до срцето, вклучувајќи ги климатските промени и Џулијан Асанж.

    За нејзината работа, таа доби витешка титула дама од кралицата Елизабета Втора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img